Ердоган ја прифати идејата Бугарија да биде посредник меѓу ЕУ и Турција за бегалците

Од:

Претседателот на Турција, Реџеп Ердоган, ја прифати идејата на претседателот на бугарското Народно собрание, Вежди Рашидов, Бугарија да биде посредник во преговорите меѓу Турција и ЕУ за мигрантското прашање, изјави Рашидов по разговорот со турскиот претседател во неговата резиденција.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Рашидов прецизира дека се согласил со Ердоган за неговата идеја Бугарија да стане домаќин и активен учесник во овие преговори, бидејќи е важно Софија да биде движечка сила во нив.

Бугарија мора да биде активна, да има добра позиција и да има добри односи со двете страни во нив. Најдоброто, според Рашидов, е што Ердоган прифатил Бугарија да има водечка улога во овие преговори. Вежди Рашидов прецизираше дека претседателот на Бугарија, Румен Радев, на 8 до 9 јануари ќе престојува во Брисел, каде овој предлог ќе им го претстави на властите во Софија, а потоа ќе се утврдат роковите за организирање на преговорите. Друга тема во разговорите меѓу Ердоган и Рашидов беше зачувувањето на културните вредности.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа