Поранешна секретарка кој работела за командант на нацистички концентрационен логор е осудена за соучесништво во убиства на 10.505 луѓе.
Ирмгард Фурнер (97) била ангажирана како тинејџерка дактилографка во Штутхоф и работела таму од 1943 до 1945 година.
Фурнер, една од ретките жени на кои им се суди за нацистичките злосторства во последните децении, доби двегодишна условна затворска казна.
Иако била цивилен работник, судијата се согласил дека е целосно свесна за тоа што се случува во кампот.
Нејзините бранители тврдеа дека таа треба да биде ослободена бидејќи нема докази дека знаела што се случува во кампот, бидејќи била една од неколкуте дактилографки во канцеларијата на Хоуп.