Хашкото обвинителство бара Тачи и командантите на ОВК да останат во притвор поради опасноста да влијаат врз сведоци

Од:

Специјалното обвинителствоза Косово со седиште во Хаг смета дека Хашим Тачи и уште тројца членови на Главниот штаб на ОВК треба да останат во притвор, бидејќи постои реална опасност од влијание и заплашување на сведоци, како и ризик да ги мобилизираат своите приврзаници со цел да ја спречуваат постапката.

– Во овие околности, барем додека не се сослушаат сведоците и не се обезбедат докази, притворот е неопходен, се наведува во барањето на Обвинителството за нивно притворање, објавено денеска.

Одбраната вчера најави дека ќе бара укинување на притворот и нивно времено ослободување.

Обвинителството потсетува дека во временскиот период на обвинението, осомничените им биле претпоставени на многу потенцијални сведоци на Обвинителството, а некои се уште заземаат високи позиции на авторитет и/или влијание.

– Имаат средства, мотив и можност да влијаат на сведоците, жртвите или соучесниците и на друг начин да ја спречуваат постапката, соопшти Обвинителството и детално образложи на кои начини Тачи и Кадри Весели и Здружението на воени ветерани на ОВК влијаеле ова обвинителство и суд да бидат укинати.

Покрај Тачи и Весели, на обвинението на Обвинителството се наоѓаат и Јакуп Красниќи и Реџеп Селими. Тие се товарат во десет точки за злосторства против човештвото и извршени воени злосторства преку здружено злосторничко делување, заедно со други припадници на ОВК.

Би можело да ве интересира

Хаг за прв пат ги објави имињата на жртвите на Тачи

Горан Наумовски

Нацистичка секретарка осудена за учество во смртта на над 10 илјади луѓе

А1он

Судот на ОН: „Украинската армија изврши воени злосторства“

АБЦ њуз: Рама ја почна битката за спас на Хашим Тачи, Албанија ќе носи резолуција против извештајот на Марти

Реакција на Кремљ за првата пресуда против руски војник за воени злосторства во Украина

Станишиќ и Симатовиќ осудени на по 12 години затвор во Хаг, не се виновни за повеќето дела

Жарко Настоски