Захарова: Русија и САД се на работ на директен конфликт

Од:

Опасна и кратковидна политика на Вашингтон ги доведе САД и Русија на работ на директен конфликт, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс изјави дека Русија е виновна за влошувањето на американско-руските односи. Захарова одговараше на она што го кажа Прајс, пишува руската новинска агенција ТАСС.

„Ја повикуваме администрацијата на Бајден трезвено да ја процени ситуацијата“

САД не само што финансиски и со оружје го поддржуваат неонацистичкиот режим во Киев, туку и го зголемуваат своето воено присуство на теренот. Ова е опасна и кратковидна политика што ги доведе САД и Русија на работ на директен конфликт. Москва ја повикува администрацијата на Бајден трезвено да ја процени ситуацијата. Се надеваме дека ќе не слушнат во Вашингтон, иако засега нема причина за оптимизам“, рече Захарова.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски