Ахмети во Атина на средба со Венизелос

Од:

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска во Атина ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија и вицепремиер Евангелос Венизелос.

Според ДУИ, средбата е продолжување на интензивната кампања на лидерот на најголемата албанска партија во Македонија за интеграција на нашата земја во НАТО и ЕУ.

– Нашите активности за помагање на  интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ ќе продолжат и во други земји-пријатели, кои сакаат да помогнат во процесот на зачленување во евроатланските структури, стои во соопштението на ДУИ.

Грчкото МНР во најавата за средбата Ахмети-Венизелос соопшти само дека шефот на грчката дипломатија ќе се сретне со лидерот на најголемата албанска партија во Македонија која е дел од владејачката коалиција на земјата. Други информации за сега не се објавени.

Грчките медиуми досега не покажаа голема заинтересираност за денешната средба, јави дописникот на МИА од Атина. Информацијата ја објавија неколку информативни портали кои јавија дека состанокот се одржува на барање на Ахмети и ја пренесоа изјавата на шефот на неговиот кабинет Артан Груби дека посетата на лидерот на ДУИ на Атина е дел од напорите на партијата да се најде компромисно решение за прашањето за името со цел да се обезбеди интеграција на Македонија во европските и евроатлантските структури. Груби додал дека покрај Атина, Ахмети ќе посети и други европски престолнини, кои можат да помогнат да се надминат пречките за влез на Македонија во ЕУ и НАТО.

Според грчките медиуми, фокуст на разговорите меѓу Венизелос и Ахмети се очекува да биде прашањето за името на Македонија и европската и евроатлантската перспектива на земјата.

Покрај Груби, Ахмети во Атина го придружува и вицепремиерот Муса Џафери.

Ова е втора официјална средба годинава на грчки министер за надворешни работи со делегација од Македонија, и тоа само со членови на ДУИ. Во мај тогашниот шеф на грчката дипломатија Аврамопулос се сретна со заменик претседателот на македонската Влада задолжен за европски прашања  Фатмир Бесими.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Вработувањата во државните институции се одвива селективно

ВРЕДИ: Бришењето на дијаспората од пописот е тешко предавство, ДУИ не може да се крие зад молкот

ДУИ: Во Министерството за спорт од 50 вработени, само четворица се Албанци

ДУИ: Албанците не се наивни и никогаш нема да прифатат да бидат предмет на „дигитален инженеринг“

ВЛЕН: ДУИ продолжува да молчи, со каков договор наредија бришење на дијаспората од пописот?

Горан Наумовски

ДУИ: Нема да дозволиме децениски напори да бидат поништени