Вршителот на должност премиерка на Данска, Мете Фредриксен, денеска изјави дека е постигнат договор за формирање влада предводена од центарот по 42-дневни преговори што следеа по општите избори на 1 ноември.
Фредриксен рече дека владејачката коалиција ќе ги вклучи нејзината Социјалдемократска партија, Либералната партија и новоформираната Умерена партија на поранешниот дански премиер Ларс Лек Расмусен. Коалицијата ќе биде претставена подоцна оваа недела.
Детали за распределбата на министерските места ќе бидат објавени в четврток, а договорот на партиите во владата ќе биде објавен денеска.
– Фактот што различни партии се здружуваат во владата не значи дека се согласуваме за сè, но сега избираме да влеземе во заедница во која ќе работиме меѓу себе бидејќи тоа е најважното нешто за нашата земја, рече Фредриксен.
Извор: МИА