Три деца загинаа откако пропаднале во замрзнато езеро во централна Англија, каде времето е многу студено, со мраз и обилни врнежи снег.
Момчињата на возраст од осум, десет и 11 години синоќа биле извадени од езерото во Солихал, во близина на Бирмингем, но за нив немало помош, соопшти денеска полицијата, додавајќи дека четвртото дете на шестгодишна возраст е хоспитализирано, но се уште во критична состојба.
Спасувачки екипи се уште го пребаруваат езерото продолжуваат со потрагата, по уште можни жртви бидејќи, според изјави на сведоци, под мразот пропаднале најмалку шест лица.
Во Велика Британија веќе неколку дена е мошне студено, а температурата падна и до 15 степени Целзиусови под нулата.
Британската метеоролошка служба (Met Office) издаде предупредување за снег, магла и мраз.
Големи прекини во сообраќајот има во неколку региони, вклучувајќи го и Лондон.
Аеродромите„ Станстед“ и „Гетвик“ синоќа беа привремено затворени за да се исчистат пистите од снег, а многу летови беа откажани.
Патниот сообраќај исто така е сериозно нарушен на главните патишта низ Лондон, со големи доцнења поради снегот и мразот на патиштата. Доцнат и возовите каде има и откажани линии. Во некои училишта во Велика Британија денеска немаше настава.
Извор: МИА