Катарецот Калид ал Мислам почина додека известуваше од натпреварите на Светското првенство во Катар.
Калид ал-Мислам беше фоторепортер, кој работеше за Галф Тајмс и Ал Кас.
Подетални информации не се познати, но Ал Кас се прости од својот новинар со трогателна порака на Твитер и во телевизиска програма.
A second journalist dies in Qatar whilst covering the #WorldCup. Photojournalist Khalid al-Misslam from Qatari news channel Al Kass TV passed away on Saturday; a day before that, US soccer journalist Grant Wahl, 48, collapsed at the match between Argentina and the Netherlands. pic.twitter.com/yy7tXdQl8B
— Monica Grayley (@MonicaGrayley) December 11, 2022
Ова е втора смрт на новинар во Катар за само два дена, бидејќи на четвртфиналниот натпревар меѓу Холандија и Аргентина животот го загуби познатиот американски фудбалски новинар Грант Вол.