И Манчестер јунајтед влегуваат во скапата „трка“ по Јошко Гвардиол

Од:

Манчестер јунајтед, неочекувано, влегуваат во битката со Челси и Манчестер сити за потписот на хрватскиот дефанзивец Јошко Гвардиол, со понуда од 95 милони евра, тврди францускиот „Фут меркато“.

Интересот за играчот на РБ Лајпциг беше голем и пред Светското првенство, но неговите маестрални партии против Белгија и Бразил уште повеќе го „разгореа“ интересот кај премиерлигашите.

Според „Фут меркато“, Манчестер сити уште ја има најдобрата понуда од 100 милиони евра, додека Челси се подготвени да дадат до 90 милиони евра за поранешниот фудбалер на Динамо Загреб. Баерн Минхен, исто така, покажале интерес, но се верува дека хрватскиот репрезентативец сака да игра во Премиерлигата.

Гвардиол има само 20 години.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Хрватскиот фудбалер Јошко Гвардиол е новото засилување на Манчестер Сити

Марчинијак: Французите не се жалат дека сите резерви беа во терен кога Мбапе шутираше пенал

Мароканците одлучија паричната награда од ФИФА да ја донираат за сиромашните сограѓани

Горан Наумовски

ВИДЕО: И Мароканците со фантастичен пречек во Рабат

Горан Наумовски

Мустафа Хаџи со лажна лиценца бил асистент тренер во репрезентацијата на Мароко

Горан Наумовски

Ѓоковиќ го пофали Катар за организацијата на Светското првенство: Еден од најдобрите фудбалски натпревари што сум ги гледал

А1он