Португалците со големи амбиции дојдоа на Светското првенство, а турнирот во Катар го завршија во четвртфиналето. Мароко ја елиминираше Португалија со голот на Ен Несири во 42.минута.
Португалците одиграа просечно првото полувреме, во второто целосно доминираа но не успеаја да ги искористат своите шанси.
На крајот Поруталците го најдоа виновникот за поразот, во ликот на аргентинскиот судија Тељо. Најгласен во критките беше ветеранот Пепе, за кого овој натпревар веројатно беше последен во дресот на националниот тим.
„Примивме гол неочекувано, но нешто е посилно од мене и морам да го кажам тоа… Неприфатливо е судија од Аргентина да го суди нашиот натпревар. После се што се случи вчера и она што го изјави Меси и сите тие приказни за Аргентина и нас ни суди Аргентинец. Не велам дека дојде овде со инструкции, но што игравме во второто полувреме?“, вели Пепе.
„Можам да се обложам дека Аргентина ќе биде шампион. Судијата двапати го предупреди голманот да ја фрли топката побрзо во игра. Се обидовме да го играме нашиот фудбал. Јас сум горд на тоа. Се боревме до последен момент. Мароко секогаш ги правеше тие мали фаули со намера да ја прекинат играта. Судијата не ни даде ништо. Не ни обрнуваше внимание. Имаа среќа да постигнат гол. Мислам дека имаше и пенал врз Бруно Фернандеш. Го напуштаме турнирот тажни. Поради ароганцијата на судиите на теренот, се обложувам дека Аргентина ќе биде шампион. Поради се што направија судиите денска. Петмината судии беа од Аргентина. Што да кажам повеќе? Да видиме што ќе биде до крај“, заклучи Пепе.
Извор: Топспорт