Хашки осуденик за воените злосторства: Се каам за убиствата, силувањата, протерувањето…

Од:

Хашки осуденик за воени злосторства и поранешен министер за одбрана Бруно Стојиќ им се извини на сите жртви и нивните семејства за тоа што го направил.

Тој рече дека најискрено жали за „ужасните криминални дела што ги направил“. Сето тоа Стојиќ го напишал во писмо до Меѓународниот механизам за кривични судови, пренесува порталот Ослобоѓење. Во писмото тој побара предвремено ослободување.

„Јас бев праведно осуден“

Стојиќ беше приведен во 2004 година и моментално отслужува 20-годишна затворска казна во Австрија. Во ноември 2017 година, тој беше осуден заедно со уште пет други поранешни функционери на вкупно 111 години затвор за воени злосторства извршени во БиХ.

„За избегнување на сомнеж, јас сум целосно и правично осуден за такви злосторства бидејќи мојата убеденост се заснова на моите постапки и на она што го направив.

Можеби ми требаше време да прифатам целосно, но сега секако го правам токму на тој начин. Никој не може да негира дека моите злосторства се многу сериозни и дека нема апсолутно никакво оправдување“, напиша Стојиќ во писмото со кое бара предвремено ослободување.

„Сакам да го покажам моето вистинско каење“

„Без оглед на тежината на овие злосторства, како и фактот дека сигурно сте свесни за она за што сум, сосема со право, прогласен за виновен, јас исто така сакам да го покажам своето јавно и искрено каење за она што сум го направил и сум бил дел од него.

Ова се однесува на убиства на цивили и членови на Армијата на РБиХ, силување, притвор и присилно протерување на Бошњаци/муслимани, вклучувајќи деца, жени и постари лица, уништување на нивниот имот.

Би можело да ве интересира

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Последни пресуди за воени злосторства во поранешна Југославија: Двајца Срби осудени на по 15 години

Катерина Ѓуровски

Русија издаде налог за апсење на хашкиот судија кој издаде налог за апсење на Путин

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хашим Тачи се изјасни за невин по сите точки од хашкото обвинение

Развој на меѓународното право – 75 години од Нирнбершките процеси

Ана Ололовска