Ирскиот весник „Мирор“ објави податоци, на основа на писмата и медицинските извештаи за Хитлер кои ги нарачала американската војска, а меѓу нив се наоѓаат разговорите меѓу Хитлер и шест доктори. Доктор Теодор Морело за документарецот на „Нешнл Џеографик“ говорел за мрачната страна на Хитлер.
Според него, тој бил зависник и хипохондрик, а денот не можел да го замисли без коктел од амфетамини, сперма од бик и морфиум. Освен тоа, Хитлер шмркал кокаин за да ги прочисти синусите и грлото. За да им докаже на луѓето дека е вистински маж, германскиот лидер наводно секој ден земал повеќе од 80 лекови. Инјекциите со сперма од млади бикови ги земал за да може да ги издржи редовните сексуални односи со партнерката Ева Браун која била помлада и поиздржлива од него.
„Не станува збор за тоа дали Хитлер бил зависен од амфетамини. Станува збор за тоа дека имал биполарно пореметување и дека амфетамините само ја влошуваа неговата состојба. Методите на неговиот доктор Морело беа толку конторверзни што другите доктори веруваат дека е таен агент чија задача е да го отруе Хитлер“, рекол во документарецот, психијатарот Насир Гаеми.