Европската комисија претстави нови предлози за дополнителни санкции против Русија

Од:

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска ги претстави новите предлози за дополнителни санкции против Русија поради војната во Украина.

Се предлага на списокот на санкционирани да се додадат уште околу 200 физички и правни лица. Ова ги вклучува вработените во руските вооружени сили, како и поединечни офицери и компании од одбранбената индустрија, пратениците на Државната дума и Советот на Федерацијата, министри, гувернери и политички партии.

ЕК предлага уште три руски банки да бидат под санкции и да се воведе целосна забрана за трансакции на Руската банка за регионален развој. Предвидено е продолжување на извозните ограничувања, особено за стоки со двојна употреба, вклучувајќи хемикалии и електроника. Предлогот вклучува и прекин на пристапот на Русија до беспилотни летала, како и забрана за директен извоз на мотори на беспилотни летала во Русија и други земји, како Иран, кои би можеле да испорачаат беспилотни летала во Русија.

Комисијата предлага уште четири руски ТВ станици да се отстранат од европскиот етер и сите други платформи за емитување. Предложените санкции вклучуваат мерки и против енергетскиот и рударскиот сектор на Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

АП: Русија подготвува нова офанзива

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија

Русија: Треба привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД или европските земји

Зеленски: Руските услови за прекин на огнот во Црното Море се нереални