Блокадите пропуштаат Брза помош, Јовановски не отстапува од протестирање до исполнување на барањата

Од:

Со ризик да ја изгубат поддршката што ја имаат кај граѓаните кои се заложници на недоразбирањата што ги имаат околу исплатите со градоначалничката, приватните превозници остануваат на блокадите на Скопје. Во градот втор ден по ред никој не стигнува навреме онаму каде што тргнал и иако револтот расте, Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“, вели дека нема да ги поместат автобусите со кои се блокирани крстосниците кај ТЦ „Мавровка“ и Црвен крст, како и оние паркирани на булеварот Илинден кај бараките на Градското собрание.

„Го прифаќаме ризикот дека е можно да ја изгубиме поддршката и свесни сме дека трпат граѓаните, но ова е единствен начин да бидеме слушнати. Освен тоа, граѓаните паметат и многу порадикални протести и блокади и кај нас во земјава и во светот. Блокадата е уредно најавена во МВР со објаснување дека останува сè до исполнување на барањата. Не се точни тврдењата дека блокадите се целосно непропусни. Јас секојдневно сум на блокадите и сведок сум на пропуштање возила на Брза помош, постојано, пропуштаме и луѓе кои брзаат на лекар, имаат закажан термин, трудници, ги пропуштивме Златно славејче. На сите места каде што е блокирано оставена е една лента за вакви случаи, а кој ќе помине регулира полицијата“, вели Јовановски во име на приватните превозници во Скопје.

Револтот на граѓаните и протестот на приватните превозници не допира до градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Таа и утрово не излезе пред граѓаните да објасни како ќе го реши проблемот откако минатата недела им рече дека нема да им ги исплати долговите и ги повика да тужат доколку сметаат дека се оштетени.

Јовановски вели дека тужба подготвуваат, но не ја поднеле оти тече рок во кој чекаат Арсовска да им се извини за клеветите, а истовремено сета документација е доставена до нотар за со платни налози да се наплати долгот.

Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, денеска при посетата на Струмица рече дека Владата ја следи ситуацијата и се подготвуваат мерки за кревање на блокадата која за него е израз на самоволие на скопските улици.

Би можело да ве интересира

Советот на Град Скопје побара да продолжат разговорите со Владата за нормализирање на состојбите во градот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчева: Добро е што Владата прифати една мерка на СДСМ, Советот на Скопје да ги поддржи сите три

Вонредна седница на Советот на Град Скопје: Од утре Скопје ќе има автобуски превоз

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Само 30 автобуси на ЈСП возат низ Скопје

Катерина Ѓуровски