„Атакот врз историското ткиво, што го правите со забеганиот и расипнички проект „Скопје 2014, ќе биде ваш срам“, рече Ивон Величковски од Либералната партија.
Антиквизацијата, рече, е започната од балканските војни и ја водеше грчката православна црква.
„Нашиот словенски корен не можете да го избиете. Овој проект го уништува чувството за толеранција. Нас не не плаќа Аминта трети туку овој народ и за негова благосостоба треба да се бориме. Срам да ви е земате од оние кои немаат. Наместо бесплатно, граѓаните сами треба да ги плаќаат здравствените картички, кои чинат колку внатрешниот ентериер на Музејот на ВМРО“, рече Величковски.
„Времето кога СДСМ беше на власт не се градеше. Откако е ВМРО-ДПМНЕ на власт, се изградија училишта и градинки, 32 посто ги зголемивме пензиите, од 5 на 135 милиони евра ги зголемивме субвенциите. Да градиме и споменици, може некој повеќе изградивме, но градиме. Каде завршија парите од приватизацијата која ја потпиша Стојан Андов, Македонскиот народ е со континуитет, ние го почитуваме словенското потекло, ако вие одлучувавте ќе изградевме споменик на Каравангелис“, реплицираше Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Аранжманот „Фесал 2“ го потпиша Груевски, потсети Величковски.
Ова е втор ден дебата за проектот „Скопје 2014“. Се расправа по информацијата, подготвена и предложена од опозицискиот парламентарен блок.