Пронајдено украденото возило на Итната помош во Кочани

Од:

Возилото на Итната медицинска помош кое беше украдено од кругот на болницата во Кочани е пронајдено утрово на улица информира Министерството за внатрешни работи.

– На 03.12.2022 околу 03.40 часот во Полициската станица Кочани, од Општа болница Кочани било пријавено дека од кругот на болницата било одземено службено обележано специјално возило „тојота“, сопственост на Итната медицинска помош Кочани. По преземени мерки и активности, полициски службеници од ОВР Кочани возилото било пронајдено во 08.30 часот на ул.„Кирил и Методиј“ во Кочани и било вратено на Итната медицинска помош се наведува во соопштението од МВР.

За настанот бил известен Јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски

Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник

Катерина Ѓуровски