Археолозите од австрискиот универзитетот во Инсбрук изјавија дека пронашле револуционерно откритие кое ќе ја промени историјата за долна облека.
Четири ленени градници од средниот век во еден австриски замокот ги изненадиле научниците, бидејќи се верува дека градникот се појави пред 100 години кога беше скратен т.н. корсет.
Според најновите пронајдоци, излегува дека прво бил градникот, а потоа корсетот, па потоа најизменично.
Еден од откриените модели „многу потсетува на модерните градници“, изјави Хилари Дејвидсон, моден куратор во лондонскиот музеј. „Тоа е неверојатно откритие.”
Научниците не можеле да поверуваат во она што го гледаат. Помеѓу остатоците пронајдени со старите предмети, направени од дрво и целулоза, имало долна облека од 15 век.
Долна облека не само што била функционална, туку и била украсена со чипка и везови, што значи дека тој е дизајниран специјално за оној што го носи.
Досега е позната облеката што ја носеле жените во ова време, но она што било под фустаните, преставуваше вистинска мистерија.