„Блумберг“: Увозот на течен гас од Русија во ЕУ годинава зголемен за 40 oтсто

Од:

Европската унија ја намали зависноста од руските енергетски извори со забраната за увоз на јаглен и планираното ембарго на нафтата, но увозот на едно руско гориво бележи раст и веројатно нема да се соочи со бојкот на ЕУ во скоро време.

Европскиот увоз на течен природен гас (ЛНГ) од Русија за една година се зголеми за околу 40 отсто, оттаму што купувачите се обидуваат да компензираат за намалената достава на руски гас преку гасоводите, пишува „Блумберг“.

„Тоа е горчлива пилула за многумина во 27-члената унија која воведе тешки санкции кон Кремљ, за да му ги одземе приходите за финансирање на војната во Украина“, забележува „Блумберг“.

ЕУ потрошила рекордни 12,5 милијарди евра за увоз на руски ЛНГ од јануари до септември 2022 година, петпати повеќе од претходната година.

Растечката побарувачка од земји како Франција и Белгија и помогна на Русија годинава да стане втор најголем снабдувач на ЛНГ во северозападна Европа. Иако Русија е далеку зад САД во однос испорачаниот течен гас, таа го престигна Катар, покажуваат податоците од мониторингот на бродовите и пристанишниот сообраќај.

Пред нападот на Украина во февруари оваа година, гасот од Русија беше најтрошениот енергенс во Европа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите зазедоа уште едно село во Луганската област

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски