Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува однесувањето на поранешниот министер за правда, Аднан Јашари, кој побарал од новинарка на „Фокус“ да избрише текст поврзан со полагањето правосуден испит од страна на синот на претседателот на Собранието, Талат Џафери.
„Обидите за контрола на информирањето се директно загрозување и кршење на слободата на изразување и на слободата на медиумите. На медиумските работници треба да им се овозможи слободно и професионално да ги извршуваат своите обврски, пред сè, имајќи ја предвид нивната улога во отворањето прашања од јавен интерес“, велат од АВМУ.