Претседателот на Колумбија Хуан Сантос објави денеска дека ја повикал армијата да патролира во Богота по немирите во кои загинаа најмалку две лица.
Сантос рече дека „заради нормализирање на состојбата…побарал милитаризација на Богота“.
Тој не прецизираше колку армијата ќе патролира, ниту колку долго ќе трае мерката.
Немирите во Богота почнаа вчера по мирни протести на околу 30.000 луѓе во знак на поддршка за 10-дневните протести на малите фармери. Маскирани млади лица фрлаа камења и уништуваа продавници по што реагираше полицијата со солзавец.