Земјите од Г7 планираат да ја ограничат цената на руската нафта во опсег од 65 до 70 долари за барел, изјави дипломат од Европската унија. Амбасадорите од 27 земји во ЕУ разговараат за предлогот со цел до крајот на денот да се постигне заеднички став.
Г7, вклучувајќи ги САД, ЕУ и Австралија, треба да примени ограничување на цената на извозот на руска нафта по морски пат на 5 декември. Овој потег ќе биде дел од санкциите наменети да ја казнат Москва за нејзината инвазија на Украина.