Грците го прекинаа транспортот на руска нафта

Од:

Група големи грчки бродски компании ги суспендираа пратките на руска нафта за да ги избегнат американските санкции, изјавија четворица трговци.

Според трговците, „Минерва Марин“, „Тенамарис“ и „ТМС Танкерс“ веќе неколку недели не превезуваат нафта од Русија.

Тенамарис објави дека не коментира за комерцијални прашања, а Минерва Марин и ТМС Танкерс не одговорија на барањето на Ројтерс да ги коментираат наводите на неименувани извори, пренесува Мина повикувајќи се на SEEbiz.

Од септември или октомври, трите бродски компании прифаќаат сè помалку руска нафта, според податоците на трговците и бродските агенти, а во ноември ги отстраниле барањата за изнајмување танкери, велат трговците кои претходно работеле со нив.

Повлекувањето на грчките транспортери уследи по построгиот режим на санкции на САД за превозниците и осигурителите кои опслужуваат руска нафта над 60 долари, како што беше договорено од групата на големи економии Г7.

Ограничувањето на цената беше воведено за да се намали приходот на Русија за финансирање на војната во Украина.

Во средината на октомври, американското Министерство за финансии воведе санкции за турската компанија Ice Pearl Navigation SA, сопственик на танкерот Yasa Golden Bosphorus и Lumber Marine SA со седиште во Обединетите Арапски Емирати, сопственик на танкерот SCF Primoyre.

Еден месец подоцна, министерството наведе уште три компании со седиште во Обединетите Арапски Емирати, Kazan Shipping Incorporated, Progress Shipping Company Limited и Gallion Navigation Incorporated и три брода во нивна сопственост.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Доколку Северна Македонија продолжи со оваа политика, имаме средства за дополнителен притисок

Грчки граничар е ранет во престрелка во близина на грчко-турската граница

Големо невреме во Грција, громови предизвикаа нови пожари

Горан Наумовски

Која грчка плажа плени со своите карактеристики на море, планина и велелепни погледи кои пленат воздишки?

Горан Наумовски

Грција донесе итни мерки поради екстремните температури

Ако победи Трамп, финансискиот товар за помош на Украина ќе се промени на штета на ЕУ тврди Орбан

Катерина Ѓуровски