Груевски: Брисел е целосно информиран за се, СДСМ манипулира

Од:

Брисел е целосно информиран за се што се случува во земјата, а обидите на СДСМ да прикаже дека ЕК нема да дознае ништо друго заради тоа што извештајот на ад хок комисијата е само со потписот на нејзиниот претседател Борче Давитковски е евтина работа за да се изманипулираат граѓаните, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

– Брисел е целосно информиран за се што се случува. Тие тука имаат огромна канцеларија со многу вработени и со многу аналитичари. Буквално се што се случува во земјата дури и објави во медиуми за многу небитни работи се пренесуваат во Брисел, а камо ли за тоа дека делот за правните квалификации во извештајот е целосно отфрлен од наша страна и со потписите и со изразената резерва на нашите потписници и преку моите изјави. Обидите на СДСМ да прикаже дека Брисел ништо друго нема да дознае заради тоа што Борче Давитковски го потпишал писмото, а не го потпишале сите, мислам дека се една евтина работа за да го изманипулираат населението и нашите граѓани, рече премиерот одговарајќи на новинарско прашање.

Претеседателот на Владата Груевски денеска ја посети градската општа болница „8 Септември“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

(ВИДЕО) Петрушевски: Талогот од СДС остана без политика, па измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

Горан Наумовски

СДСМ: Поради необјавување на резултатите од анализата на водата – Мицкоски и Клековски шират паника