„Скопје 2014“ – Забеган и расипнички проект или аманет за идните генерации?

Од:

И денеска народните избраници ја продолжуваат дебатата за проектот „Скопје 2014-та“. Опозицијата и власта имаат дијаметрално спротивни ставови и за оправданоста, и за потрошените пари, но и за естетскиот изглед. Токму затоа вчера од говорницата се слушнаа многу навреди, а во салата кавги и дофрлувања.

За опозицијата, „Скопје 2014“ е забеган и криминален проект кој не дели етнички и религиски, смислен проект за перење пари и уништување на македонскиот идентитет.

Овој проект велат, ги уништува темелите на македонската државност и штетите од него допрва ќе се почувствуваат.

Посочувајчи ја анкета на агенцијата„ Рејтинг“, во која дури 81,8% од македонските граѓани сакаат веднаш да запре изградбата на спомениците, од СДСМ велат дека проектот е криминален поради расипничкото трошење на народни пари.

За власта, пак, новите споменици само го разубавија градот Скопје и со тоа ќе имаме добивка бидејќи ќе привлече многу туристи.

Не можат да сфатат зошто ова и пречи на опозицијата. За ВМРО-ДПМНЕ овој проект е аманет за идните генерации.
За ДПА главен виновник за проектот „Скопје 2014“ е ДУИ.

ДУИ пак главно ја премолчеа расправата. Единствено реагираа, кога од СДСМ посочија на нив како на виновници и соучесници, бидејќи одобрувале се, што ќе зацртаат во ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски