Нокиа 515 доаѓа со алуминиумско куќиште, екран од 2,4 инчи, камера од 5 мегапиксели и батерија што може да издржи во стенд бај режим до 38 дена.
Компанијата истакнува дека е посветено големо внимание на дизјанот и деталите на 515, кој е сместен во алуминимско куќиште со Горила Глас 2 екран.
Телефонот е достапен во црна и бела боја. Нокиа 515 има дебелина од 11 милиметри и доаѓа со флеш светло на задниот дел. Телефонот работи на 3Г мрежа, а ќе биде достапен и како дуал СИМ модел. Од него ќе може да се сурфа на интернет, да се провери меил и да се приклучите на Твитер или Фејсбук.
Нокиа е позната по издржливите батерии, а новиот модел 515 во стенд бај режим на работа може да издржи до 38 дена.
Продажбата стартува во септември во Русија, Швајцарија и Полска, а наскоро се очекува и на другите пазари. Цената се очекува да изнесува 115 евра.