(ВИДЕО) Ковачевски-Рама: Донесовме конкретни решенија за граѓаните и заедничката европска иднина на С. Македонија и Албанија

Од:

На заедничка прес-конференција премиерите на Република Северна Македонија и на Република Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, денеска уште еднаш ги повторија ставовите на владите на двете земји за проевропските политики, добрососедство и соработка која ќе придонесе за развој на целиот регион.

Премиерот Ковачевски истакна дека втората меѓувладина седница денеска беше посветена на конкретни решенија за актуелни прашања за граѓаните и за државите Република Северна Македонија и Република Албанија.

„Потпишавме повеќе меморандуми за унапредување на соработката речиси во сите области, секако, со посебен фокус кон енергетиката кон којашто е свртено и вниманието на целиот свет“, рече премиерот Ковачевски.

Премиерот истакна дека членството во Европската Унија е стратешка цел на Република Северна Македонија, исто како што е стратешка цел и на Република Албанија.

„Заедно го почнавме и скрининг процесот и заедно ја имаме можноста да ги завршиме преговорите и да станеме полноправни членки на ЕУ“, рече премиерот Ковачевски и се заблагодари на премиерот Еди Рама за безрезервната поддршка што Република Северна Македонија ја доби од Албанија во процесот за НАТО интеграциите.

Премиерот на Албанија Еди Рама рече дека освен финализирањето на 21 акт кои се договорени низ интензивна соработка помеѓу двете влади се договорени предложени инцијативи од првиот заменик претседател на Владата Артан Груби и кои се однесуваат на изградба на патна инфраструктура односно Коридорот 8, изградба на едно суво пристаниште во Струга и отворање на еден нов граничен премин Поградец-Струга, посочувајќи дека станува збор за стратешки проекти за двете земји.

„Мене ми е многу мило што со Северна Македонија поставивме добри и силни основи за да изградиме заедничка иднина која што треба да биде иднина во взаемно почитување на човековите права и слободи, но и една здрава иднина за другите генерации“, рече Рама.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Рама побара поддршка од албанската дијаспора во САД за негов четврти мандат

А1он

Фон дер Лајен: Извештајот за напредокот на земјите ќе биде објавен следната недела, Албанија со одлични резултати

А1он

Рама: Тажен сум што братска Македонија не е денеска со нас, нанесена и е голема штета

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ