Курдистанската работничка партија негира вмешаност во вчерашниот бомбашки напад во Истанбул, со што ги негира и тврдењата на Турција за одговорност за експлозијата во која загинаа шест лица, објави денеска партиската веб-страница.
Се додава дека цел на ПКК никогаш не се цивили, пренесува Ројтерс.
Претходно денеска Турција објави дека ПКК и Единицата за заштита на народот (ИПГ), која е концентрирана во Сирија, се одговорни за експлозијата на авенијата Истиклал во Истанбул.
Сириската курдска полиција ИПГ се појави како добро организирана вооружена група за време на сириската граѓанска војна. Тие воспоставија упориште на северот на земјата по повлекувањето на сириските владини сили и се поврзани со главната фракција на сириските Курди, Партијата на Демократската унија (ПИД).
Турција смета дека ПИД и ИПГ не се разликуваат од Курдистанската работничка партија (ПКК), која започна бунт во Турција во 1984 година за политичките и културните права на Курдите.