Русија планира да ја врати воената обука во училиштата

Од:

Рускиот министер за образование Сергеј Кравстов изјави дека воената обука ќе се врати во руските училишта до следниот септември, соопшти британското Министерство за одбрана во последниот извештај за војната во Украина.

Програмата ќе биде поддржана од руското Министерство за одбрана, кое наведува дека на оваа обука треба да се посветат не помалку од 140 часа годишно.

„Ова претставува програма од советската ера во која студентите имаа задолжителна воена обука, програма која заврши во 1993 година. Оваа обука вклучуваше непредвидени случаи за хемиски или нуклеарен напад, прва помош и искуство со ракување и пукање со калашникови“, извести британското Министерство за одбраната.

Руските официјални лица се обидоа да ја оживеат оваа обука во 2014 година по руската инвазија на Крим. Тие се надеваа дека иницијативата ќе го подобри квалитетот на регрутите. Осум години подоцна, малку се промени, а квалитетот на руските регрути останува лош, со низок морал и ограничени обука, пишуваат Британците.

Се додава дека оваа обука најверојатно има за цел да ги подготви студентите со воени вештини бидејќи се приближуваат до возраста за регрутирање и ја зголемуваат подготвеноста за мобилизација. Иницијативата, исто така, најверојатно ќе биде дел од „поширок проект за всадување на идеологија на патриотизам и доверба во јавните институции кај руското население“, додаде Министерството за одбрана на Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Ритер: Руските војници бележат победи и постигнуваат сериозни успеси

Ритер: Руската армија е најдобра на планетава

Украински командант: Ситуацијата на бојното поле ескалира, Русите сакаат да се одмаздат

А1он

Руска армија: Новинар на агенцијата Риа Новости е убиен на југот на Украина

A1on

Руските пратеници одобрија: Отсега и криминалците ќе можат да служат воен рок во Русија

Во заземањето на Бахмут, Русија изгубила над 60.000 војници