Можната нестабилност на мостот надвозник кај Визбегово Скопско, како и парчиња бетон што висат од него претставуваат опасност за луѓето и возилата коишто се движат по него, но уште повеќе за тие што се движат под него.
„Денеска повторно јавно ги повикавме надлежните институции но и медиумите и граѓаните. Институциите да реагираат, медиумите дополнително да истражат и информираат, а граѓаните да пријават било каква опасност на бројот 112“, се наведува во соопштението на ЦУК.