Прегазен е малолетен пешак во скопско Визбегово

Од:

Полицијата информира дека попладнево во скопско Визбегово се случи сообраќајна незгода во која со возило е удрен малолетен пешак.

Констатирани му се тешки телесни повреди.

„Денеска (30.01.2026) во 17:03 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница на бул. „Словенија” со ул. „Ј. Магистрала” се настанала сообраќајна незгода помеѓу патничко возило “опел” со скопски регистарски ознаки управувано од Ф.Ч.(44) од Скопје и пешак малолетник од Скопје.

Малолетникот со возило на итна медицинска помош е пренесен во Ургентен центар „Мајка Тереза” каде му се констатирани тешки телесни повреди, по што е задржан на Детска хирургија.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за сообраќајната незгода и за расчистување на случајот“ информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајка кај Бујановац

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Двajца загинати и тројца повредени во сообраќајка кај Агино Село

А1он

Aвтобус што превезуваше ученици удри во карпа – тешко повреден е придружникот на патувањето

А1он