Брод за крстарење со неколку стотици патници заразени со коронавирус се закотви во Сиднеј.
Австралиската министерка за надворешни работи, Клер О’Нил, денеска објави дека протоколите за ковид се соодветни.
Бродот за крстарење се закотви во Сиднеј, а на него имало околу 800 луѓе, од кои повеќето биле позитивни на корона вирусот, соопшти компанијата „Карневал Австралија“, пренесува Ројтерс.
Здравствените власти на државата Нов Јужен Велс објавија дека е на сила заканата од „трето ниво“, односно постои висок ризик од зараза.