Срамна одбрана на медицинската сестра која претепа старица: Прва ме нападна, моите постапки беа предупредување

Од:

Медицинската сестра Аурона Пељај, која беше уапсена откако на социјалните мрежи беше објавена снимка на која тепа старица во Домот за стари лица, и даде срамна одбрана на полицијата. Тврдела дека всушност се бранела од старицата, иако на видеото јасно се гледа како таа дури и се смее додека и удира шамар на несреќната жена.

Во долгиот текст што го објави Сињали, се наведува дека Пељаева го оправдувала своето однесување со тврдењето дека „таа (старата жена) ја нападнала прва“ и дека била агресивна.

Целиот случај се одвивал во Домот за стари лица „Оренда“ во Пеќ. На видеото кое стана вирално, може да се види како две медицински сестри, Аурона Пељај и Алтина Реџепи, и удираат шамар на несреќната старица, додека Ремизе Куќи снима.

Осомничените се приведени, а Пељај, која на видеото ја држи старицата и страшно ја удира, на полицијата и дала срамна одбрана. Таа тврдела дека ја удирала старицата во самоодбрана.

Според порталот Синџали, Пељај изјавила дека тој ден отишла да им помогне на колегите кои си имаат работа со постара жена, бидејќи, според неа, била агресивна.

Насилството што и го нанела го оправдала со тоа дека старицата, наводно, прва ја нападнала. Таа изјавила дека несреќната жена дента имала нервен слом и направила „немир“ во просториите на центарот.

„Кога почнав да работам, таа веќе беше станарка во куќата и докторот потврди дека има психички нарушувања. На денот на инцидентот таа беше многу агресивна и одвреме-навреме доживуваше нервни сломови за што го информиравме докторот. Тој ден имавме задача да им ги смениме пелените откако една постара жена (жртвата) ги исполни своите физиолошки потреби. Слушнав бучава во бањата и отидов да погледнам. Моите колеги имаа проблеми таму и сакав да помогнам. Ме нападна и ми ја повреди раката, ме нападна со нога. Не употребив насилство или голема сила освен да ја спречам да ме нападне. Таа тој ден нападна и друг станар“, рече таа, пренесува Сињали.

Би можело да ве интересира

Сестрата која во февруари по вторпат беше фатена како краде лекови на Онкологија, добила отказ во мај

A1on

РЕС ја зацврстува лидерската позиција во снабдувањето со електрична енергија на приватниот сектор

Медицинската сестра која уби седум бебиња во Британија осудена на доживотен затвор

Горан Наумовски

Скандал во Србија: Медицинска сестра снима жени за време на операција и емитува во живо на мрежите

Горан Наумовски

Срамна одлука на Врховниот суд: Медицинските сестри кои беа уапсени за малтретирање старица ослободени од притвор

А1он

Уапсена и трета медицинска сестра по тепањето на жената во домот

А1он