Поранешен американски воен пилот и инструктор за летање, кој работел во Кина, е уапсен во Австралија и се соочува со екстрадиција во САД.
Австралиската федерална полиција во петокот го уапси Даниел Едмунд Дуган (54) во Оринџ, Нов Јужен Велс. Истиот ден тој се појави на суд, каде што му беше одбиена кауција. Тој беше одведен во блискиот затвор Батурст.
Полицијата постапила според американскиот налог за апсење, пишува CNN.
Извор од воздухопловните сили рече дека ФБИ го бара Дуган, поранешен американски државјанин, поради неговите активности во Кина. Дуган се преселил во Австралија откако служел во американската армија една деценија. Таму ја основал компанијата Топ Ган Тасманија во која вработувал поранешни американски и британски воени пилоти за да им овозможи на туристите да се возат со воени авиони.
Тој се пресели во Пекинг во 2014 година и набргу потоа ја продаде компанијата на Топ Ган Тасманија. Неговиот профил на LinkedIn наведува дека тој работи во Кингдао, Кина од 2017 година како генерален директор на AVIBIZ Limited, „авијациска консултантска фирма со фокус на брзорастечката и динамична авијациска индустрија во Кина“.
Според договорот за екстрадиција на Австралија со САД, американската влада има 60 дена да поднесе барање за екстрадиција. Договорот дозволува и екстрадиција на австралиски државјани.