САД: Мал авион удри во зграда, две лица загинаа

Од:

Мал авион се урна во станбена зграда предизвикувајќи голем пожар во американската сојузна држава Њу Хемпшир, при што загинаа две лица во авионот, соопштија денеска локалните власти.

Федералната управа за воздухопловство соопшти дека едномоторниот авион Beechcraft Sierra синоќа удрил во зграда северно од аеродромот.

Градските власти на својата Фејсбук страница објавија дека никој не е повреден во зградата во која удрил авионот, но оти „луѓето во авионот загинале“.

Федералната управа за авијација и Националниот одбор за безбедност на транспортот ја истражуваат несреќата. Одборот за безбедност на транспортот ќе ја надгледува истрагата.

Авионот удрил во двокатен амбар поврзан со станбена зграда.

Сите осум лица биле евакуирани од станбената зграда поради пожарот кој избувнал по ударот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шест лица загинаа при пад на полициски авион во Тајланд

Авион се урна во близина на воена база во САД

Авион мораше итно да слета, патниците врескале: екипажот пријавил необично животно во моторот

Предраг Петровиќ

Најголемиот страв на Џенифер Анистон: „Одев дури и на хипноза…“

Предраг Петровиќ

Три лица загинаа при пад на мал авион во река во Небраска

А1он

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати