Фајзер ја зголемува цената на вакцината против Ковид во САД

Од:

Американскиот фармацевтски гигант Фајзер очекува четирикратно да ја зголеми цената на вакцината против Ковид-19 во САД, на 110 до 130 долари по доза, откако ќе заврши актуелната владина програма за набавки, изјави извршната директорка Ангела Лукин.

Американската влада во моментов плаќа околу 30 долари по доза, а се очекува пазарот да се префрли на приватно осигурување во 2023 година, откако ќе се укине вонредната состојба во здравството.

Лукин во четвртокот рече дека очекува вакцината, која владата во моментов ја обезбедува на сите граѓани бесплатно, да биде достапна без надомест за граѓаните со приватно или државно осигурување.

Волстрит очекува такви покачувања на цените поради слабата побарувачка за вакцини против Ковид-19, што значи дека производителите ќе мора да ги зголемат цените за да ги исполнат прогнозите за приходите за 2023 година и понатаму.

„Уверени сме дека цената на вакцината против Ковид-19 во САД ја одразува нејзината севкупна исплатливост и гарантира дека нема да има пречки за пристапот на пациентите“, рече Лукин.

Сè уште не е јасно каков пристап до вакцината ќе имаат луѓето без здравствено осигурување.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шест месеци Македонија вакцинира со „Фајзер“ со истечен, па продолжен рок

Маја Илиевска-Пачемска

САД ќе му платат на „Фајзер“ околу две милијарди долари за дополнителни пакувања на лекот „Паксловид“ во 2023 година

Ана Ололовска

„Фајзер“ инвестира 2,5 милијарди долари во производството на лекови во Европа

„Фајзер“ очекува 34 милијарди долари приходи од вакцините, планира зголемување на цените во САД