Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ќе одговара пред англиската Фубалска асоцијација по фуриозната реакција кон помошникот судија при 1:0 победата н Манчестер сити. Клоп доби црвен картон од главниот судија Ентони Дејлор откако реагираше агресивно кон линискиот судија Гери Бесвик кој реши играта да продолжи по еден старт над Мохамед Салах.
Со оваа дисциплинска постапка, Германецот може да биде казнет со еден или повеќе мечеви. Според ФА, тој го прекршил правилото Е3 во кое се зборуваа за „насилно однесување, заканување или користење на навредлив јзик“.
Клоп по мечот призна дека заслужи црвен картон, но повторно ги критикуваше судиите.
„На крајот, најверојатно заслужив, но не смееме да имаме такви ситуации. Тоа беше јасен фаул пред линискиот судија и нему не му е грижа“, изјави Клоп.
Извор: Топспорт