Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги бранеше своите коментари кои предизвикаа контроверзи во Англија за трошењето на клубовите како Манчестер сити, откако од овој клуб го обвинија дека шири „ксенофобија“.
Клоп изјави дека има „три клуба на светот кои можат да прават што сакаат“, со што се смета дека мислеше на Манчестер сити, Пари Сен-Жермен и Њукасл, кои се во сопственост на богати арапски газди. Од Сити сметаа дека ова само ја направи атмосферата на „Енфилд“ непријателска, а го обвинија дека изјавите се дискриминаторски, а менаџерот на Њукасл, Еди Хау изјави дека Клоп мора да „внимава“ со неточните изјави.
Пред мечот против Вест хем во среда, Германецот вели дека контроверзите биле недоразбирање бидејќи лошо се изразил на англиски јзик. Тој инсистираше дека неговото мислење дека Сити е клуб кои „можат да купат кого сакаат“ е вообичаено.
„Не мора да бидеме најдобри пријатели со ругите клубови… Но, луѓето не сакаат да се пријатели со нас. Тоа започна со прашање и јас дадов одговор. Знамшто мислев кога кажав и го поставив тоа во перспектива и посочив дека ја респектирам нивната работа. Тоа не беше во ред за некои, но беше најважно за клубот и нашите фанови. Ако некој ме сфатил погрешно, тогаш не можам да го сменам тоа. Треба да бидам внимателен, знам дека понекогаш само одговарам и го кажувам тоа што го мислам. Ништо од работите кои беа протолкувани од другите не беа во мојата намера“, вели Клоп.
Извор: Топспорт