Бислимоски: Ако училиштата се вратат на регуларниот пазар, маржата за ЕВН ќе се зголеми за пет до седум милиони евра

Од:

За да се заштити државната компанија АД ЕСМ, институциите, училиштата, јавните претпријатија и околу 150 фирми за производство на храна треба да останат на слободниот пазар, смета првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

– Мое лично мислење е дека институциите и училиштата не треба да се вратат на регуларниот пазар, туку ЕСМ Продажба да им помогне и да им продаде струја по пониска цена или по цена од 48 евра за мегават-час. Ова го кажувам затоа што во цела оваа ситуација треба да го заштитиме и ЕСМ.

Ако овие компании се вратат на регуларниот пазар ЕСМ ќе треба да продава струја на ЕВН Хоум по цена од 48 евра за мегават-час и во тој случај би се направил дополнителен притисок врз цената. Апсолутниот износ на маржатаза ЕВН Хоум која е определена на тендер од 2019 година ќе се зголеми за 5-7 милиони евра и тоа би направило притисок врз цената.

Сметам дека ЕСМ продажба би можел да им продава струја на слободниот пазар по иста или пониска цена на јавните претпријатија, општини, училишта и притоа ЕСМ ќе заработи дополнителни средства – објасни Бислимовски.

Тој додаде дека до 31 декември цената што ЕСМ ја продава на ЕВН Хоум ќе биде 48 евра за мегават час. Пред носење на било каква одлука за цената на електрична енергија на регуларниот пазар ќе се направи поголема анализа и консултации, а Бислимовски е уверен дека нема да има зголемување на цената на струјата доколку ЕСМ го додржи планираното производство оваа зима.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: ДЗР откри неправилности во работењето на АД ЕСМ за период од 2019 до 2022 година

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава

ЕСМ: Соработката со потрошувачите е клучна за претстојната грејна сезона

Предраг Петровиќ

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ