Во фудбалска Европа вечерва и утревечер ќе се одиграат реванш дуелите од баражот од Лигата на шампионите. Од македонските интернационалци настап ќе има Даниел Георгиевски, кој со романскиот првак Стеауа ќе гостува во Полска.
Двојки за вечерва се: ПАОК – Шалке 04 (1:1 прв натпревар), Австрија Виена – Динамо Загреб (2:0), Базел – Лудогорец (4:2), Легија – Стеауа (1:1).
Утре се играат дуелите: Зенит – Фереира (4:1), Милан – ПСВ (1:1), Марибор – Викторија Плзен (1:3), Селтик – Шахтјор Караганди (0:2) и Реал Сосиедад – Олимпик Лион (2:0).
Почетокот на сите натпревари е во 20:45 часот со исклучок на дуелот Зенит – Фереира, кој почнува во 18 часот.