Претрес во штипско, пронајдени оружје и муниција, приведено едно лице

Од:

На 7.10.2022 околу 7 часот, од полициски службеници од СВР Штип и Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи бил лишен од слобода С.М.(41) во с.Ебеплија, штипско.

При претрес извршен во неговиот дом во с.Ебеплија, по претходна наредба од Основен суд Штип, во помошни простории биле пронајдени: една пушка – двоцевка, една пушка карабин „крањ“ 8х57, еден револвер, 34 боеви куршуми и 12 патрони.

Предметите биле одземени, а С.М. бил приведен во СВР Штип. По целосно документирање на случајот ќе следи поднесок во врска со кривично дело по чл.396 од Кривичниот законик, за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Би можело да ве интересира

Вашингтон пост: САД добија околу 500 извештаи дека Израел злоупотребил американско оружје

Пронајдени пушки и муниција во Кичевско, уапсен е 50-годишник

А1он

Германија: Одобрено е ново оружје за Израел

Горан Наумовски

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

„Гардијан“: Германија го блокираше извозот на оружје за Израел

Приведен дилер во Тетово, пронајдена дрога