И без публика „жестоко“ на „Велодром“ – Марсеј го доби дуелот со Спортинг

Од:

Олимпик Марсеј под Игор Тудор ја забележа првата победа во Лигата на шампионите оваа сезона, откако со 4:1 го совладаа тимот на Спортинг Лисабон пред празни трибини на „Велодром“ во меч кој започна со одложување поради многу секојдневен проблем – гостинскиот автобус заглави во гужва.

Добивај вести на вибер
Тудор беше бесен на судиите и на официјалните лица, сметајќи дека португалскиот тим го прави тоа намерно, а бесот му се зголеми кога уште во првата минута гостите дојдоа во водство преку Тринкао. Сепак, ОМ бргу реагираше – Алексис Санчез израмни во 12. минута, а Амине Харит само три минути подоцна ги донесе во водство од 2:1. Шансите на Спортинг за камбек се намалија откако Адан доби црвен картон во 23. минута, а Леонардо Балерди во 28. минута зголеми на 3:1 за потврда на триумфот. Шансел Мбемба во 84. минута го постигна и четвртиот гол за точка на мечот.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 3.КОЛО
ГРУПА Д
Олимпик Марсеј – Спортинг Лисабон 4:1
Ајнтрахт Франкфурт – Тотенхем 21.00 ч.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Престрелка во Марсеј, две лица загинаа, тројца се повредени

Марсеј остана без тренер

Предраг Петровиќ

Две тела се пронајдени под урнатините во Марсеј

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урнаа две згради во Марсеј: осуммина исчезнати

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се урна зграда во Марсеј и изби пожар, се трага по преживеани

Катерина Ѓуровски

Шест месеци затвор за хулиганот кој го прекина дербито меѓу Лион и Марсеј

А1он