ВИДЕО: Се урна зграда во Марсеј и изби пожар, се трага по преживеани

Од:

Најмалку пет лица се повредени при уривање на четирикатна станбена зграда во Марсеј, изјави градоначалникот Беноа Пајан.

Пожарот ги спречи спасувачите да трагаат по други можни жртви, а се сомнева дека до уривањето на зградата дошло од експлозија, пренесува BFMTV.

„Постојат силни сомневања дека експлозија предизвикала уривање на зградата, но во оваа фаза мора да бидеме многу внимателни за причините за несреќата“, изјави префектот на регионот Буш-де-Рон, Кристоф Мирман, додавајќи дека причина може да биде експлозија на гас.

Пожарот ги спречи и дресираните кучиња да ги пребаруваат урнатините за евентуални жртви.

„Се обидуваме да ја забрзаме акцијата бидејќи времето е од суштинско значење, но кучињата не можат да ја издржат оваа температура и топлина“, изјави командантот на баталјонот на противпожарната бригада на Марсеј, Лионел Матје.

локалните власти соопштија дека се уште не се знае колку луѓе живееле во зградата.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано