Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе им се закани денеска со одмазда на компаниите од САД и Велика Британија поради упорното одржување на санкциите и „малтретирањето“ на неговата земја.
– Британците и Американците не би требало да продолжат да не малтретираат, изјави 89-годишниот Мугабе на погреб на еден офицер на военовоздухопловните сили.
Мугабе нагласи дека Британците во Зимбабве имаат повеќе комании кои како што рече „никогаш не сме ги контролирале, ниту сме им наметнувале санкции“.
– Но ќе дојде времето кога ќе вратиме мило за драго и ќе кажеме „ти ме удираш мене, јас те удирам тебе“, рече Мугабе, кој на изборите на 31 јули освои уште еден петгодишен претседателски мандат во Зимбабве. Тој на власт е веќе 33 години.