Мицотакис: Потребна е заедничка европска стратегија за справувањето со енергетската криза

Од:

Овој гасовод значително ќе ги промени и снабдувањето со енергија, но и енергетската безбедност за сите нас на европскиот континент, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговиот говор на церемонијата во Софија за почетокот на комерцијалната употреба на интерконекторот за природен гас меѓу Грција и Бугарија (ИГБ) и уште една порача дека за енергетската криза, потребно е заедничко европско решение и заедничка европска стратегија.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис изрази уверување дека гасоводот што ќе носи природен гас од Азербејџан во Бугарија, во комбинација со другите инфраструктурни проекти кои се спроведуваат во моментов „ќе придонесе во создавањето кредибилна мрежа за снабдување со природен гас“.

Тој посочи дека конкретниот гасовод „поврзува европски земји што делат исти европски вредности и солидарност“, потенцирајќи ја важноста и потребата за постигнување едно европско решение, исто како и за пандемијата.

– Едно европско решение кое се надевам дека ќе се финализира за време на следните наши средби во Прага и Брисел, ќе ни помогне. Како и за пандемијата ќе треба да спроведеме заедничка стратегија за справување со кризата за да ја елиминираме фрагментацијата, за да бидеме сигурни дека над сè ја ставаме европската солидарноста, над националните интереси. Грција секогаш ќе ги поддржува оваа позиција и овој напор на Европската комисија, истакна Мицотакис.

Говорејќи за регионалните проекти, тој се осврна и на важноста на терминалот за течен природен гас во грчкиот град Александруполис.

– Знаете дека важниот проектот во Александруполис со терминалот и складирањето ќе ни помогне да обезбедиме енергетска безбедност не само за Грција, туку и за други земји од Југоисточна Европа, но не само за нив туку дури и за земјите од централна Европа, порача грчкиот премиер.

Пред церемонијата, Мицотакис оствари билатерални средби со претседателите на Бугарија и Азербејџан, Румен Радев и Илхам Алиев и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески