Груби: ДУИ може без мене, никој не е незаменлив, раскол нема

Од:

Вицепремиерот Артан Груби, смета дека ДУИ може да функционира и без него. Ова доаѓа откако лидерот на партијата, Али Ахмети, посочи дека можат да функционираат без т.н. „огнена група“ односно членовите кои бараат смена на вицепремиерот. Груби, смета дека има најмалку заслуги за успесите на ДУИ.

„Не само ДУИ, било која партија, било која институција, било кој општествен процес може без секого. Никој не е незаменлив. Но се наоѓаме во пресудни моменти, треба да дадеме придонес за да ги надминеме сите кризи и успешно реализирање на проекти“

Тој останува на функцијата која ја извршува и негова смена, не е најавена, и покрај барањата на т.н. „огнена група“ од скопското крило.

„Јас имам најмалку заслуги, најмногу има Али Ахмети, граѓаните и народот кој не гласал. Сите достигнувања на ДУИ го носат потписот од 2002 до 2022 година“, вели Груби.

Тој е дециден и додава: „Нема раскол во ДУИ. Сите се построени позади Али Ахмети“.

Би можело да ве интересира

Груби доби дополнително време за увид во доказите, одложена главната расправа за „Лотарија“

Почна судењето против Артан Груби и уште за седуммина за злоупотреби во „Државна лотарија“

Катерина Ѓуровски

Почнува судењето против поранешниот вицепремиер Артан Груби

ВРЕДИ: ДУИ две децении беше на власт, а нема абер од законите

ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со Албанците, изборите ќе го запечатат нивниот крај!

Горан Наумовски

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори