Роџер Федерер, швајцарскиот тенисер и еден од најдобрите играчи во историјата на тенисот, го одигра последниот меч во кариерата. Играше во пар со својот најголем ривал Рафаел Надал и се прости со поразо од Џек Сок и Френсис Тиафо со 4:6, 7:6, 11:9 на Лејвер купот во Лондон.
Федерер и Надал имаа меч топка во третиот сет, но тоа е далеку помалку важно од фактот што 20-кратниот победник на Грен слем стави крај на прекрасната кариера.
Федерер се воздржа додека даваше интервју на теренот, но се скрши кога ја спомна сопругата Мирослава Вавринец и се расплака. Додека на видео ѕидот се вртеше филмот за неговата кариера, Федерер не можеше да ги задржи солзите, се расплака и Надал.
Rafa Nadal and Roger Federer in tears after Federer’s retirement is the best sports moment you’ll see in some time.
Ultimate respect. ?? pic.twitter.com/fUeY8wQSTM
— Barstool Sports (@barstoolsports) September 23, 2022
Швајцарскиот тенисер во кариерата освои вкупно 103 турнири во сингл, од кои 20 Грен слем, 28 Мастерс 1000 турнири и шест финалиња на АТП. По бројот на освоени Грен слем турнири, тој е трет тенисер во историјата, зад Рафаел Надал (22) и зад Новак Ѓоковиќ (21).
Тој е единствениот во историјата кој го освоил УС Опен пет пати по ред (од 2004 до 2008 година), а го држи и рекордот од вкупно 71 освоен турнир на тврди подлоги. Осум пати го освои Вимблдон, шест пати триумфираше на Австралија опен, пет пати на УС Опен и еднаш на Ролан Гарос.