Каевски: Очаен обид на ВМРО-ДПМНЕ да се сврти вниманието од тендерот тежок 136 милиони евра

Од:

Мицкоски, шпицниот градоначалник, заедно со ВМРО-ДПМНЕ преку измислици се обидуваат да го оттргнат и да направат дефокус на она што се случува и во ВМРО-ДПМНЕ, односно расколот што се случува и со Данела Арсовска, но и она што денеска се случува со Никола Мицевски рече портпаролот на СДСМ Дарко Каевски коментирајчи ги денечниот обвинувања на сметка на премиерот Димитар Ковачевски кои ги изнесе пратеникто на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

– Очигледно се обидуваат да го свртат вниманието со цел да не одговорат на она што граѓаните го очекуваат како одговори, односно која е улогата на шпицниот градоначалник во тендерот вреден 136 милиони евра и денеска преку измислици преку воениот дезертер Ковачки се обидуваат повторно да ја скриат вистината и да не даваат одговори на она што граѓаните го очекуваат и токму оттука ќе го повикам да даде одговори за тоа која е неговата улога во спорниот тендер и зошто веќе неколку дена Мицкоски молчи и не дава одговори на сите овие прашања рече Каевски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За разлика од кај нас, опозицијата во Украина и Молдавија не работи против државните интереси

СДСМ: Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците

Со денови граѓаните немаат пристап до „Мој ДДВ“, реагира СДСМ

A1on

Еврокомесарката Марта Кос на почетокот на јули доаѓа во Скопје

A1on

По 17 јуни ќе има реконструкција на Владата, најави Мицкоски

A1on

Мицкоски се сретна со Ердоган – потврдена е стратешката соработка меѓу Македонија и Турција

А1он