(ВИДЕО) Ковачки: Ковачевски дезертирал во 2001 прикажувајќи се како трајно неспособен

Од:

Според информациите кои стигнаа до нас, премиерот Ковачевски свесно го избегнал служењето на воениот рок и тоа токму во периодот на воениот конфликт во 2001 година, односно не одговорил на повикот на својата татковина кога за тоа бил побаран и кога и’ бил најпотребен. Како и сите граѓани на Република Македонија кои во тој период служеа во редовите на АРМ, така и сегашниот нелегитимен премиер морал да се јави во војничките редови рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

– Причината поради која дезертирал е дека е цитирам трајно неспособен. Ковачевски кој сега е премиер и ги ужива сите благодети на слободата и на демократијата, којашто ја има бидејќи луѓе загинале за таа слобода и демократија, додека тој бегал од војска, не се јавил на отслужување на воен рок и не се пријавил во 2001 година, иако бил повикан. Ковачевски е човек дезертер, кој не заслужува да ја води државата рече Ковачки.

Тој го повика Ковачевски во рок од 24 часа да каже дали навистина избегал и дали е трајно неспособен, или лажел пред институциите и лекарите?

– Да излезе и да каже, во спротивно ќе објавиме се што имаме. Доколку е навистина трајно неспособен, тогаш мора веднаш да се повлече од премиерската позиција. Доколку дезертерот Ковачевски бил трајно неспособен да отслужува војска и да ја брани државата, тогаш како е способен да биде премиер? Дали на чело на владата имаме трајно неспособна личност и дали тоа е причината поради која Македонија е понижувана рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Денеска е првиот чекор кон големата одлука

Катерина Ѓуровски

Ковачки: Вредеше ли предавството? Се откажавте од име, Устав, историја! Овие избори се за да ја вратиме Македонија на народот, имаме план за развој и враќање на надежта кај луѓето

Предраг Петровиќ

Ковачевски: Закани и блокади не враќаат назад во минатото, никој не смее да си поигрува со иднината на државата

Ковачевски: Македонија, нема повеќе време за чекање, нема откажување од иднината

Ковачевски: ДПМНЕ на Мицкоски е истото ДПМНЕ на стиропор, насилници, криминалци, заплашени медиуми, на шепотење и страв

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во Македонија

Орце Костов