Погребот на Кралицата ќе биде најголемиот настан што го организирала Велика Британија

Од:

Полицијата во Лондон веќе го квалификуваше прогребот на Кралицата како најголема операција досега, а идентична оценка за големината на настанот даде и Државната служба.

Владини извори велат дека сите инволвирани го гледаат својот дел во настанот како „привилегија“ и „вистинска чест“.

Има повеќе од 100 државни службеници кои работат во смени во централниот оперативен тим кој се справува со настани поврзани со смртта на кралицата.

Планирањето за настанот на смртта на кралицата трае „многу години“, додаваат изворите, при што официјалните лица се убедени дека погребот во понеделник ќе биде „најголемиот настан на Обединетото Кралство во последниве децении, можеби некогаш“.

Стотици светски лидери и високи личности – вклучително и американскиот претседател Џо Бајден, францускиот претседател Емануел Макрон и премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн – патуваат во Лондон за таа пригода.

Би можело да ве интересира

Официјално откриен надгробниот споменик на Елизабета Втора

Ана Ололовска

Елизабета Втора штотуку е погребана, а веќе се прават планови за нов кралски погреб

А1он

(ВИДЕО) Кралот Чарлс повторно ја шокираше јавноста: Прескокна црнец додека се ракуваше со ожалостените

А1он

Трамп го исмејуваше Бајден за тоа каде седел на погребот: Да бев јас, ќе бев во првиот ред

А1он

Околу 250.000 луѓе го посетија ковчегот на кралицата Елизабета

Ана Ололовска

Одвај го издржаа денот: Кралот Чарлс на работ на солзи, заплака и Меган, Хари изостана од погребниот говор

А1он