Новак: Русија ќе ги намали испораките на гас за Европа за една третина

Од:

Рускиот вицепремиер Александар Новак денеска изјави дека извозот на руски гас во Европската унија годинава ќе се намали за 50 милијарди кубни метри – што е една третина од вкупниот минатогодишен извоз на руски гас во ЕУ.

Минатата година Русија извезла околу 150 милијарди кубни метри гас во ЕУ.

Испораките на руската енергија за Европа значително се намалија оваа година поради затворањето и големите санкции на Западот против Русија по инвазијата на Москва на Украина на 24 февруари.

Пред инвазијата, Русија испорачуваше околу 40 отсто од гасот на ЕУ. Тој удел сега падна на 9 отсто, а Москва ги намали испораките за Европа и ги обвини западните санкции за падот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски